Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Чибишев алармира: Децата не смеат да имаат активности надвор во денови со екстремно загадување
Македонија

Д-р Чибишев алармира: Децата не смеат да имаат активности надвор во денови со екстремно загадување

20/12/2025

AA

Доктор Андон Чибишев, преку објава на социјалните мрежи алармираше за ризиците по здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух.

Тој информира дека денеска предпладне, поминувајќи по улицата „Илинденска“, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал голем број деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

Според Чибишев, ваквата активност е особено загрижувачка имајќи предвид дека загадувањето на воздухот во моментот е на исклучително високо ниво. Тој посочува дека при физички напор дишењето станува поинтензивно, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух.

– Не знам чија е идејата на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата да трчаат и да се изложуваат на физички напор. Во такви услови труењето со присутните отровни гасови може да биде многу посериозно – наведува докторот.

Тој смета дека организаторите требало да покажат поголема одговорност и да ги одложат тренинзите или натпреварите, со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот на д-р Чибишев доаѓа во период кога Скопје повторно се соочува со високо аерозагадување, а лекарите континуирано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy