
Цветници со снег – интензивни врнежи вечерва во Маврово
Денеска го славиме Цветници или Влегувањето на Исус Христос во Јерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител.
Но, наместо сонце, Македонија е со снежна прекривка.
Интензивни врнежи се забележани вечерва во Маврово.
Дрвата, но и улиците се целосно под снежна покривка.
Во следните три дена времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.