Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цветковска: Најголемата потврда за нашиот успех се задоволните вработени
Економија

Цветковска: Најголемата потврда за нашиот успех се задоволните вработени

29/04/2025

AA

Инфинум Македонија годинава се закити со
титулата „Најдобар работодавач 2024“ – признание кое го доби токму благодарение
на гласовите на своите вработени. Истражувањето беше спроведено преку
платформата Pulser, врз основа на 100 проценти анонимно пополнета анкета од
сите вработени, со унифицирана методологија што се користи на меѓународно ниво.
Што се крие зад оваа титула, како се гради здрава и успешна работна средина, и
што е она што Инфинум Македонија ја прави
посебна компанија на македонскиот пазар, откриваме преку разговор со Мирјана
Цветковска, генерален директор на Инфинум Македонија.

Што за
вас лично значи ова признание „Најдобар работодавач 2024“, особено со оглед на
тоа што е базирано на мислењето на вашите вработени?

Цветковска: Ова признание за мене е
вистински доказ дека нашата заложба за градење на квалитетна работна средина
навистина се гледа и вреднува од оние кои се најважни – нашиот кадар. Да
добиеме ваква награда, а притоа оценките да бидат дадени исклучиво од вработените,
е посебна чест. Тоа значи дека сме успеале да создадеме организација во која
луѓето се чувствуваат прифатени, поддржани, мотивирани и каде што нивното
задоволство не е декларативно, туку е вистинско и е длабоко вкоренето во
секојдневната работа.

Како
беше организирано истражувањето на Pulser и зошто резултатите од оваа анкета ги
сметате за исклучително релевантни?

Цветковска: Истражувањето беше
спроведено преку Pulser – првата независна платформа за мерење на задоволството
на вработените во Македонија, која користи унифицирана методологија што е
усогласена со меѓународни стандарди. Сите наши вработени без исклучок
учествуваа во анкетата, што значи дека податоците се целосни и веродостојни.
Прашањата во анкетата опфаќаат широк спектар на аспекти – од комуникација и
организација, до услови за работа и професионален развој,  што ни дава темелна слика за тоа како се
чувствуваат луѓето кај нас. Резултатите се особено релевантни бидејќи се
базираат на искрено, анонимно мислење на секој поединец.  Како
компанија доброволно се пријавивме во истражувањето бидејќи сме искрено
заинтересирани за фидбекот на луѓето, што е добро, што може да се развива и
понатаму. Досега често пати сме спроведувале интерни анкети и истражувања и тоа
не само за да го слушнеме фидбекот на вработените, туку и да имплементираме
доста од нивните предлози и идеи. Иако, за да се квалификуваме за ова признание
како мала компанија, критериумот беше исполнетост од најмалку 80 проценти, ме
радува тоа што сите вработени, без исклучок, учествуваа и го дадоа своето
мислење, што резултатите ги прави уште порелевантни за нас.

Во кои
области добивте највисоки оценки од вашите вработени?

Цветковска: Највисоки оценки добивме
во категориите услови за работа, предизвикувачки работни задачи и меѓучовечки
односи. Ова за нас е многу значајно, бидејќи покажува дека сме успеале да
изградиме средина која нуди одлични работни услови, каде што задачите се
интересни, интелектуално стимулативни и значајни, а односите меѓу колегите се
искрени, топли и сите се подготвени да дадат меѓусебна поддршка. Ваквата
комбинација е редок спој и токму затоа сме особено горди.

Што
според вас најмногу придонесе за ваквите позитивни резултати?

Цветковска: Она што најмногу
придонесе е нашата константна заложба луѓето навистина да се стават на прво
место, не само на хартија, туку во секојдневната практика. Овозможивме
вистинска флексибилност во работата, внимателно дизајнирани бенефиции и
политики за одмори, поддршка за родителите, и дополнителни иницијативи кои го
прават секој работен ден убав и исполнет. Нашата култура на доверба, отворена
комуникација, постојан фидбек и активна грижа за добросостојбата на вработените
е суштинскиот фактор што доведе до овие резултати.

Инфинум
Македонија постои неколку години. Може ли да ни раскажете нешто повеќе за
компанијата и за дејноста со која се занимавате?

Цветковска: Инфинум е основана во
2005 година во Хрватска и е глобална компанија специјализирана за развој на
дигитални продукти. Ние во Македонија станавме дел од Инфинум семејството во
2021 година. Работиме со некои од најпознатите светски брендови како Филипс
(Philips), Порше (Porsche), Најк (Nike), Вирџин (Virgin), и КПМГ (KPMG),
обезбедувајќи решенија за различни индустрии – од здравство и финансии, до
автомобилска индустрија и телекомуникации. Нашиот тим во Македонија активно
учествува во меѓународни проекти и придонесува со својата експертиза на
глобално ниво.

Една од
вредностите што ја истакнувате е грижата за балансот меѓу работата и приватниот
живот. Како изгледа тоа во пракса во Инфинум Македонија?

Цветковска: Балансот е нешто што
свесно и конзистентно го негуваме. Вработените имаат целосна флексибилност да
одлучат дали ќе работат од канцеларија или од дома, нема задолжително работно
присуство. Почнуваме со најмалку 22 денови годишен одмор, со можност да растат
до 30 денови, зависно од стажот и работното искуство. Исто така, родителите
добиваат дополнителни слободни денови и парични бонуси за новороденчиња или
посвојување деца, како и новогодишен надомест за подарок за секое дете.
Дополнително, имаме 12 целосно платени денови за боледување годишно, можност за
замена на неработен ден, како и новогодишен бонус за сите.

Споменавте
иницијативи кои ја подобруваат секојдневната атмосфера. Може ли да ни споделите
некои примери?

Цветковска: Секој месец организираме
тимски активности и дружења што се фокусирани на зајакнување на тимскиот дух и
меѓусебната поврзаност. Имаме буџети за годишен тим билдинг, fun & games
активности, персонализирана прослава на 5 и 10-годишни јубилеи во Инфинум, како
и посебни настани за децата на вработените – велигденски прослави, новогодишни
забави, bring your kids to work денови. Со showoff настаните, секој проектен
тим може да го презентира својот труд пред колегите, споделувајќи знаење и
инспирирајќи ги останатите. Таквата култура на споделување и поддршка многу
придонесува за атмосферата која ја имаме денес.

Минатата
година спроведовте значајни промени во менаџментот и HR-тимот. Како успеавте да
ја задржите стабилноста и мотивацијата на тимот?

Цветковска: Веднаш воспоставивме
јасна и транспарентна комуникација со целиот тим. Секој вработен беше
информиран за процесите и имавме отворени разговори за сите прашања и дилеми.
На секој предизвик гледавме како можност за раст и подобрување. Нашата култура
на доверба и активна поддршка помогна да ја задржиме стабилноста, а истовремено
да го зајакнеме чувството на припадност и сигурност кај сите вработени.

Инфинум
нуди бројни бенефиции за личен и професионален развој. Какви можности имаат
вашите вработени за кариерен напредок?

Цветковска: Секој вработен кај нас
има индивидуален план за развој. Со нашиот „progression framework“ имаат јасно
дефинирани критериуми за напредок по технологии и нивоа, уште од самиот старт.
Им овозможуваме и „career switch“, односно можност за промена на технологија
или тим, индивидуални буџети за купување опрема, едукациски буџет за курсеви,
книги, како и бесплатни часови по англиски јазик со професор во компанијата.
Дополнително, можноста за работа на глобални проекти со светски брендови им носи
исклучително драгоцено искуство и видлив развој.

Која е
вашата визија за иднината на Инфинум Македонија и што ќе продолжите да градите
врз оваа основа на успех?

Цветковска: Нашата визија е да
продолжиме да бидеме место каде што луѓето доаѓаат со радост, каде што се
чувствуваат вреднувани и мотивирани. Ќе продолжиме да инвестираме во
подобрување на работните услови, во развојот на вработените и во создавање на
уште поголема поврзаност меѓу тимовите. Исто така, од оваа година планираме да
се фокусираме уште повеќе на општествено одговорни активности и истата
посветеност со која се грижиме за нашите вработени да ја пресликаме и на
пошироката заедница во која живееме и работиме. Веруваме дека кога грижата за
луѓето е вистинска и постојана, успехот доаѓа природно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЧАНИ ДОБИ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЕНТАЛНА ПОДДРШКА Девет психолози ќе

22/11/2025
Македонија

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ КОЈ Ѝ ИЗВАДИ ЗДРАВИ

21/11/2025
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Меџитлија

21/11/2025
Македонија

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник

21/11/2025
Македонија

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско,

21/11/2025
Македонија

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има

21/11/2025
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37937
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЧАНИ ДОБИ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЕНТАЛНА ПОДДРШКА Девет психолози ќе работат со повредените од трагедијата

22/11/2025

Повредените од кочанската трагедија и нивните семејства добија нова точка за поддршка. Во Кочани денес официјално почна со работа регионалниот

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ КОЈ Ѝ ИЗВАДИ ЗДРАВИ ОРГАНИ НА ВЕАПОВСКА ПО ПОРОДУВАЊЕТО

21/11/2025

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, му пресуди Основниот суд Струга

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Меџитлија

21/11/2025

Сообраќајотна крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран во 21:50

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy