Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Вработените се суштината и  срцето на една компанија“
Економија

Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Вработените се суштината и срцето на една компанија“

03/02/2025

AA

Григор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ и потпретседател на Стопанската комора, пример за човек кој знае што сака, има свои цели и се труди да ги исполни, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески зборува за улогата на Комората како претставник на компаниите. Комората не ја гледа како претставник на сопствениците на капиталот – Комората, според него, е претставник на компаниите во целина и на сите засегнати страни во една компанија, како што се сопствениците, вработените, коминтентите и државата.

„Комората е значаен фактор за бизнисите. Политичарите се креатори на економските политики, меѓутоа Комората е таа која секогаш застанува зад компаниите, и тоа не како сопственици на капиталот, туку како ентитети во кои се вклучени вработените и добавувачите, но и како фирми“, истакна Цветанов.

Според него, како поборник на коморскиот систем, Комората има добра комуникација со Владата, но проблемот со решавањето на барањата од Комората се разводнува кога тие се пренесуваат за извршување до пониските слоеви на администрацијата.

Тој во продолжение истакнува дека вработените се срцето на компанијата и дека со нив градат заемна почит и доверба, при што секој знае што му е работа и ја исполнува својата цел. Работат на подобрување на придобивките за вработените, а една од нив е организирање активности и спортски настани за нив надвор од компанијата.

„Компанијата без вработените е ништо. Ние сме само зграда, машини и железо. Луѓето се суштината и срцето на една компанија“, потенцираше м-р Цветанов.

Во подкастот Цветанов ги открива своите лични желби и професионални цели. Желба му е да докторира на тема „Семејни компании“ бидејќи семејните компании се ставени пред предизвикот како да го преминат транзицискиот трансфер, а државата сè уште нема стратегија за тоа; Виница да стане убаво и пристојно место за живеење за младите да останат да живеат во неа и да се вратат луѓето што ја напуштиле својата земја, додека, пак, професионална цел му е винчини да стане светски бренд препознатлив не само во регионот и во ЕУ, туку и во светот, да остварува 100 милиони профит, а вработените да можат да ги уживаат сите придобивки што ги уживаат вработените во ЕУ-земјите.

Цветанов има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои Наградата за личност на годината на „Нова Македонија“ за 2015 година и Наградата за европски најменаџер во Сараево 2018 година.

Целиот разговор на линкот.

https://youtu.be/uJswKRP-NYo?si=pKWpdQhv4oMYGeby

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy