Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Спасителна акција на Водно, хе
Македонија

ЦУК: Спасителна акција на Водно, хе

30/01/2024

AA

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за повредено лице – со скршена нога на патека на Водно, Секторот за операции и координација со Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги контактираше институциите што би помогнале, освен Црвениот Крст, бидејќи нивната спасителна служба е дежурна само за време на викендите кога фрекфенцијата на планинските патеки на Водно е поголема. Покрај два припадника од МВР, медицинскиот тим од скопската Итна медицинска помош многу пожтвувано, заради планската оддалечена од пат локација на повредениот, пешки стигнале до местото на настанот со голема внимателност по замрзнатата патека, што се повеќе замрзнувала како што одминувал денот и се намалувале температурите. На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, болница. Притоа тие и го загреале, бидејќи било се постудено.

Од ЦУК, паралелно биле контактирани и припадниците на Армијата, коишто имаат пункт на Средно Водно, а истовремено било контактирано и со Хеликоптерската единица за да се има комуникација во случај на потреба, но по кооринацијата, ови два субјекта немало потреба да интервенираат во конкретниот случај – но, биле во состојба на подготвеност. Регионалниот ЦУК Скопје информираше дека во 17.00 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР. Тоа е од причина што локацијата и времето од денот дозволувала само на раце да се носи со носилка од силни луѓе со познавање на движење по планински патеки до возилото на итната медицинска помош околу еден час и повеќе. Во моментот на известувањето до медиумите од ЦУК, привршува носењето на повредениот до возилото на Итната медицинска помош на Водно, па потоа со транспортот до болницата каде што ќе добие дополнителна медицинска помош за санирање на повредата. Со тоа спасителната акција на Водно, со голема пожртвуваност од сите ангажирани субјекти, се заокружува успешно буквално на крајот од денот – во првиот мрак,.

Инаку, според првичните информации од терен, повредениот возрасен граѓанин бил пасиониран и искусен вљубеник во Водно и на планинското пешачење, па речиси секоја недела се искачувал на Водно, дури и по трипати во некои недели. Но, денешното планинско пешачење на крајот од денот било кобно и по ненадејното лизгање ја скршил ногата. Го пронашол друг граѓанин кој ја користел истата патека за пешачење којшто и се јавил на 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), го повторува повикот за внимателност при движењето по планините, како и медиумите што секојдневно апелираат, бидејќи на повисоките места снегот е замрзнат, а се појавува голомразица на почетокот или крајот на денот, особено на осоите, и секако не треба да се потценува Водно, како што често знаат да кажат искусните планинари, како „лесна планинска патека“, поточно треба секогаш да се внимава и да прилагодува посетителот на условите, без разлика на големината на планините по коишто се пешачи или се вози со возила.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy