Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан во кавадаречкото село Радња на Кожуф
Магазин

ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан во кавадаречкото село Радња на Кожуф

20/12/2023

AA

Спасен е човекот кој беше завеан во кавадаречкото село Радња на Кожуф планина и евакуиран до својот дом во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од Центар за управување со кризи. Оттаму потсетија дека тој прво одбил помош во понуден општински „оффроуд“ можен превоз со теренски четирицикл (4×4), загрижен што ќе се случи со неговите две кучиња. Бил „отсечен“ од снегот, во викендичка над селото Радња, во месноста „Гатеново“ на планината Кожуф.

– Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4×4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето. Со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат, појаснуваат од ЦУК.

Оттаму, додаваат дека доцна вечерта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавил и известил дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба. Тој изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација.

– Имаше и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават за да помогнат. Но, беше оценето дека Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација, нагласија од ЦУК. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy