Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК со апел граѓаните да не палат оган при престојот во природа – пожарите да ги пријавуваат веднаш на 112
Македонија

ЦУК со апел граѓаните да не палат оган при престојот во природа – пожарите да ги пријавуваат веднаш на 112

13/10/2023

AA

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во ЦУК, добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен е уште е еден: во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.

За време викенд има најмногу пожари на отворено, според податоците од изминатите неколку викенди.

Апелираме до сите земјоделци и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата, а до граѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа, како што и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов посочува при неговите апели во јавноста, бидејќи сериозни врнежи нема подолго време и истовремено не се очекуваат барем до понеделник, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите.

Пожари, како и другите итни случаи што претставуваат опасност за грѓаните, материјалните и природните добра се пријавуваат на 112 во ЦУК. Неодминливо е да се посочи дека медиумите, според нивното информирање и тематско елаборирање во поглед на поголема безбедност на граѓаните од природни и други катастрофи покажуваат голема општествена одговорност за подигање на општествената свест за индивидуалната и колективна безбедност.

Вчерашните изгаснати 21 пожар на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади биле во на територијата на целата држава.

По еден пожар имало во 13 општини: Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Студеничани, Прилеп, Крушево, Чашка, Росоман, Штип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Сарај и во Општина Ѓорче Петров.

По два пожара имало во две општини: Долнени и во Старо Нагоричане.

Четири пожари на отворено имало во Општина Куманово, конкретно во населбата „Карпош“, кај с.Черкезе, с.Речица и кај „Никуљски Пат“, каде што горела ниска вегетација и стрниште.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy