Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Пожарникарите со полни раце работа и за време на викендот и сите вчерашни 19 пожари се изгаснати
Македонија

ЦУК: Пожарникарите со полни раце работа и за време на викендот и сите вчерашни 19 пожари се изгаснати

18/09/2023

AA

Според утринските информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожари на отворено, вчера (17.09.2023 година – недела) имало вкупно 19 и сие се изгаснати од противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи (СУК).

Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од коишто 6 се догасени рано утрово, биле во:
– Општина Аеродром, 3, кај гробиштата во нас.Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај с.Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај ул. „Вардарска“ (ниска вегетација);
– Општина Студеничани, 1, с.Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гази Баба: 1 с.Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума);
– Општина Сарај, 2 с.Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци);
– Општина Могила, 2, с.Беранци (ниска вегетација и стрниште) и с.Чарлија (ниска вегетација);
– Општина Тетово, 1, с.Ѓермо (депонија);
– Општина Теарце, 1, с.Глоџи (депонија);
– Општина Прилеп, 2, с.Ерековци (ниска вегетација и стрниште) и кај Кај фабрика Донија (ниска вегетација)
– Општина Охрид, 1, с.Буково (депонија);
– Општина Дебарца, 1, с.Песочани (ниска вегетација);
– Општина Струга, 2, с.Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај с.Белица (ниска вегетација)
– Општина Струмица: 1 с.Свидовица (ниска вегетација);
– Општина Желино, 1, с.Добарце (депонија) и во
– Општина Куманово, 1, с.Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).

Инаку, Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места. Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“. По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.
ЦУК примил известување „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот број за итни случаи 112 и Секторот за операции и координација во соработка со институциите од државно и од локално ниво ги следи и ги координира активностите за гаснење на пожарите на отворено, како и решавањето на другите пријавени итни случаи во државта. Тоа во реалноста се остварува и преку информативна и комуникациска соработка и со медиумите во државата, при што медиумите покажаа голема општествена одговорност и свест за подигање на јавната свест за поголема безбедност на граѓаните и чување на природните и материјални добра во државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy