
ЦУК: Пожар на отворен простор на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце, Кумановско
Регионалниот ЦУК Куманово во 16.50 часот извести дека добил информација од дежурниот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека со две противпожарни (ПП) возола и седум пожарникари од 14.50 часот се на терен и делуваат за гаснење на пожарот на отворен простор на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце.
Според информацијата од терен била опожарена поголема површина од сува трева, грмушки и житни култури. Противпожарните екипите, се уште, се на терен.

