Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рама: Регионот не смее да стане мал Донбас и да бидеме заложници на Косово и Србија
Регион

Рама: Регионот не смее да стане мал Донбас и да бидеме заложници на Косово и Србија

20/07/2023

AA

Според албанскиот премиер, Еди Рама, регионот не смее да стане заложник на односите меѓу Белград и Приштина. 

Рама вели дека „линијата меѓу организираниот криминал и локалните политичари е нејасна“, и дека регионот не смее да стане мал Донбас.

„ЕУ треба цврсто да дејствува за да обезбеди брза имплементација на Основниот договор. Нашиот регион не може да стане заложник на бескрајната криза меѓу Косово и Србија! Дискусиите се добри, но на регионот му треба пробив пред да биде предоцна“, додаде Рама.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави синоќа, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, дека НАТО ќе продолжи да го поддржува и обезбедува мирот во рамки на мандатот кој го има на Косово.

Вучиќ изјави дека на Србија ѝ се потребни КФОР и НАТО, кои досега дејствувале професионално на Косово.

Тој истакна и дека на Приштина никој не ѝ верува, „бидејќи нивната цел е да се спроведе политиката на (поранешниот претседател на Албанија) Енвер Хоџа, што значи „Косово без Срби“ и „обединување со Албанија“.

Србија е загрижена затоа што Косово купува модерно турско оружје, но КФОР нагласи дека Бајрактар косовските власти смеат да користат само со нивна дозвола. 

Србија по дипломатски пат реагирала до Турција за оружјето. 

Односите меѓу Србија и Косово се напнати. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини и нови избори на северот, затоа што претходно тие бојкотираа и победија градоначалници Албанци, кои Србите ги сметаат за нелегитимни. 

Но, има најави во косовските медиуми дека Северна Митровица ќе биде дел од Заедницата на косовските општини. 

foto Facebook/Edi Rama

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44941
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy