Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Отстранување на опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино
Македонија

ЦУК: Отстранување на опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино

30/01/2023

AA

Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК , презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино (поточно кај с. Пепелиште) и од поголемо локално поплавување. Практично, пријавената опасност е резултат од нанесените гранки и дрва на столбовите од мостот од надојдената вода на реката. Тоа, при оваа ситуација, резултирало тие насобрани да го попречуваат речниот тек како своевидна брана, па покрај зголемен притисок на мостот го подигаат речното ниво пред мостот и да предизвикуваат локално излевање на водата надвор од коритото. По спроведеното информирање и координација од ЦУК, Локалната самоуправа и Водостопанство Неготино работат на планирање на начините за безбедно отстранување на опасноста. Поради сложеноста на расчистување – неможноста од директно чистење со сегашните машини, се планира да се ангажира и специјална машина, а во дел од расчистувањето на опасноста од испреплетените насобрани гранки и дрва се планира да биде ангажиран и планинар – алпинист, со јаже да се спушта и да помага да се расчистува, според потребите и ситуацијата.

Инаку, согласно текот на настанот, прво Регионалниот ЦУК Велес извести дека во петокот на 27.01.2023 година добил информација – дојава на 112 за насобраните гранки и дрвја на мостот на Вардар на патниот правец Неготино – Штип, кај с. Пепелиште. Конкретно, ЦУК бил информиран дека многу гранки и дрва се насобрани на столбовите од мостот што дејствуваат како своевидна брана, па покрај тоа што така се зголемува бочниот притисок на мостот, истовремено, пред мостот, реката се излева од своето корито. Потоа, веднаш преку Регионалниот ЦУК Неготино за случајот се известени Водостопанство Неготино, при што од нив е одговорено дека ќе превземат мерки за расчистување. Покрај локалните институции се известени и дежурните од Македонија пат, а активностите континуирано се следат и преку Регионалниот ЦУК Неготино.

Денеска, РЦУК Неготино известува дека, по остварениот разговор во 10.15 часот со директорот на Водостопанство Неготино, покрај досегашниот ангажман за случајот за насобрани гранки и дрва на столбовите на мост на Вардар кај с. Пепелиште се организира расчистување за во среда н 01.02.2023 година, заради сложеноста за расчистување, со ангажирање на специјална машина (со назив „А 916“), којашто има можност модуларно да се надоградува за да се досегнат и извадат пречките. Според оценките на Водостопанство Неготино, при оваа ситуација, немало опасност за рушење на мостот.

Центарот за управување со кризи, преку регионалните центри, ја следи ситуацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy