Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Оган и дожд во исто време – 14 изгаснати пожари на отворено, а од друга страна поплавувања, наноси и одрони од поројни дождови
Македонија

ЦУК: Оган и дожд во исто време – 14 изгаснати пожари на отворено, а од друга страна поплавувања, наноси и одрони од поројни дождови

04/11/2023

AA

Вчера, прогнозата на УХМР се оствари и имаше посилни локални врнежи прво во северниот дел од државата, што потоа се проширија во западниот дел на државата, а во исто време во југоисточниот дел на државата имаше пожари со засилен ветер заради што опасно брзо се ширеа. Практично, вчера на терен имаше во исто време оган и дожд – на една страна поројни дождови, поплавени подруми, наноси по патишта и одрони, а на друга страна беснееја неколку опасни пожари на отворено коишто се ширеа со голема брзина, од вкупно 14-те, врз коишто храбрите пожарникари интервенираа и ги изгаснаа.

Конкретно, вчера попладне (во 15.50 часот) на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар кај село Жеганци во Општина Чешиново – Облешево, на влезот до селото кај локалниот канал. Огнот се движел брзо и претставувал опасност за куќите. Биле известени пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ од Кочани, коишто го локализирале, а потоа и го изгаснале пожарот.
Потоа, на 112 во ЦУК, е добиена пријава за пожар на отворено кај месноста позната како „Трафостаница – Дуброво“ (Општина Неготино) што, според пријавителот, бил со големи размери. Пожарникарите од ТППЕ Неготино веднаш излегле на терен. Во атарот на с.Дуброво, горела сува трева и шума. Заради засилениот ветер пожарот се проширувал со голема брзина. На терен интервенирале Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и 3 ПП возила, а на помош биле на терен и пожарникарите од ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 теренско (4х4) возило. Заеднички, храбрите пожарникари од Неготино и од Кавадарци го ставиле огнот под контрола и ја отстраниле опасноста по населеното место,а потоа и го изгаснале.

Другите изгаснати пожари на отворен простор, при што гореле стрништа, висока трева и ниска вегетација и шума, биле во: Општина Битола, 4 пожари на отворено, во реонот меѓу с. Живојно и с. Бач; кај с. Вашарејца, во атарот на с.Велушина и во непосредна близина на „РЕК Битола“; Општина Долнени, во атарот на с. Сливје;
Општина Прилеп, во близина на фабриката ,,Микросам“; Општина Василево, кај с. Василево;
Општина Валандово, кај с. Марвинци; Општина Делчево, 2 пожара – еден помеѓу селата Ѕвегор и Габрово и еден кај село Крупиште; Општина Карбинци, во атарот на село Карбинци и во Општина Куманово, кај во с. Доброшане.

Заради обилните врнежи дожд, од друга страна, што ја зафатија Општината Дебар и околината Регионалниот ЦУК Дебар информира дека има поплавено неколку подруми во населбата „Венес 2“ и во другиот дел од градот каде што на терен се излезени екипи од ЈП „Стандард“ и пожарникарите од ТППЕ Дебар, но немало некои поголеми материјални штети.
Исто така, од големите врнежи во атарот на с. Долно Косоврасти реката којашто доаѓа од атарот на с. Горно Косоврасти излегла од своето корито и го поплавила патот и блиската околина до течението со вода и со наноси од земјена и камена мешавина – лава/кал. На местото на настанот било веднаш интервенирано со градежна машина – булдожер од „Кнауф Дебар“ и со приватни камиони, по што патот и коритото на реката се исчистени и патот бил повторно прооден.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира итните случаи и опасностите за граѓаните, за нивните материјални и за приодните добра да се пријавуваат на Единствениот телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК, со што побрзо се лоцира местото на настанот, како во урбана средина, така и особено тоа што е пријавено на терен на отворено, со што се има можност и побрзо и поефикасно се ангажираат институциите од Системот за управување со кризи (СУК).
Инаку, апелот од УХМР за избегнување на движење покрај коритата на реки и суводолици беше благовремен, заедно со дневната најава за почеток на посилни локални дождови што подоцна ќе се прошират на територијата на цела држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy