
ЦУК: Изгаснат пожарот над с.Мелница, кај месноста „Ливаѓе“
Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10.10 часот од ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес ги информирале дека пожарот над с.Мелница, кај месноста „Ливаѓе“ е скоро изгаснат.
Пожарот гореше од 15:40 часот вчера, додека пак во моментов уште мал дел од опожарените трупци чадат, но заради дождот што во моментов врне, истите ќе се изгаснат во целост.

