Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Гори фабриката „Винчини“, пожарот е сериозен, се бара помош од Штип и Македонска Каменица
Македонија

ЦУК: Гори фабриката „Винчини“, пожарот е сериозен, се бара помош од Штип и Македонска Каменица

06/09/2025

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва излезе со детали за големиот пожар во Виница, потврдувајќи дека огнената стихија зафатила повеќе магацини и производствени погони во фабриката за кондиторски производи „Винчини“, дел од компанијата „Макпрогрес“.

Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, пријавата за пожарот била добиена преку бројот за итни случаи Е-112 во 18:40 часот. Веднаш било утврдено дека горат производствените погони со броевите 6, 7 и 8, како и магацински простории, што предизвикало брза реакција на Територијалната противпожарна единица од Виница.

Поради сериозноста на пожарот, ЦУК му дал насока на градоначалникот на Виница да побара итна помош од соседните општини. На терен, покрај виничките, веќе дејствуваат и сите расположливи капацитети на противпожарните единици од Кочани, вклучително и доброволното друштво.

Дополнителна поддршка во механизација и човечки ресурси е побарана и од општините Штип и Македонска Каменица, а ЦУК најавува дека доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други градови.

Од Центарот за управување со кризи нагласуваат дека станува збор за специфичен урбан пожар, поради што во справувањето со него мора да бидат ангажирани исклучиво професионални пожарникари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy