
ЦУК – Ангелов на големата воена вежба „Брз одговор 23“ на Денот на високите гости во Криволак
Денеска, Стојанче Ангелов присуствуваше на завршницата од мултинационалната теренска вежба ,,Брз Одговор 23“ (Immediate Response 23) на Денот за висики гости. Практично, Денот на високи посетители на вежбата „Брз Одговор 23“ истовремено е и круна на заедничка обука на сите припадници на мултинационалниот баталјон. Целта на оваа вежба е да се покаже заедништвото, сојузништвото и подготвеноста на армиите кои учествуваат, за меѓусебна соработка меѓутоа и за совладување на било какви предизвици кои може да се појават во иднина,
а истовремено е задоволство да се биде и домаќин на повеќе сојузници од НАТО алијансата.
Инаку, вежбата „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“), што започна на 22 мај со воена церемонија во центарот за обука „Пепелиште“, е најголемата вежба во Северна Македонија оваа година со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно 1.850 учесници.
На отворените денови на армијата одржани во мај во државата, граѓаните можеа одблиску да се запознаат со возилата и опремата што се дел од вежбата, вклучувајќи го и роботизираното софистицирано возило познато како „проџект ориџин“ (PROJECT ORIGIN), коешто е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.
