Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: 1.918 повици на 112 во последното деноноќие, успешна спасителната акција на Водно, а во скопско Драчево голем пожар на неколку куќи
Македонија

ЦУК: 1.918 повици на 112 во последното деноноќие, успешна спасителната акција на Водно, а во скопско Драчево голем пожар на неколку куќи

31/01/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.847 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 34,52%, а 65,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,73%, кон Итната медицинска помош 33,73%, а кон пожарникарите 8,24% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 4,31% со другите 65,48% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.266 на број и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Инаку, сношти, по добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на Водно имаше спасителната акција на Водно, што успешно се заврши со голема пожртвуваност од сите ангажирани субјекти кои пешки стигнале до повредениот, му пружиле прва помош, го греееле со оган и потоа на повредениот раце околу еден час бил носен по замрзнат терен до возилото на Итна медицинска помош за транспорт до болница, на крајот од денот, а во првиот мрак. Ангажираните од Итната медицинска помош, Полициската станица „Карпош“ и специјалците од ЕБРД на МВР, реагирале оптимално и согласно природата на итниот случај и можностите на теренот кога почнува ноќта. Хеликоптерската единица на МВР, а и припадниците од Армијата на пунктот на Водно биле во подготвеност, ако требало.

Пожари на вегетација на отворено според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното неделно деноноќие имало девет (9) пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Инаку, пожарникарите истовремено гаснеле пожари и во урбани средини. ЦУК информира дека за пожар на повеќе куќи во скопско Драчево, биле ангажирани голем број ПП возила и пожарникари. Конкретно Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје од 17.25 до 03.00 часот утрово гаснеле запалени бараки, куќи, на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во населбата Драчево, Општина Кисела Вода. Пожарот бил проширен на околните три бараки. Интервенцијата ја извршиле со 8 ПП возила и 30 пожарникари. До утринскиот извештај ЦУК нема пристигнато информација за материјалната штета, зафатената површина, а и за причината за пожарот. Најверојатно истрагата ќе се врши подоцна.

ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и секако граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари, а секако да бидат внимателни и при прошетките во природа, бидејќи на повисоките места во планински осои се на многу места замрзнати, oсобено на почетокот и на крајот од денот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy