
Црвениот крст организира итна хуманитарна помош за населението погодено од поплавите во Кичево
Црвениот крст на Република Северна Македонија организира итна хуманитарна помош за граѓаните погодени од поплавите во Кичево. Во соработка со локалните власти, екипи на Црвениот крст и волонтери на терен доставуваат материјална помош, храна, вода и основни средства за хигиена до погодените семејства.
Акцијата вклучува обезбедување на околу 110 пакети со најнеопходни производи за лицата погодени од водените стихији. Во рамки на операцијата, екипите од Црвениот крст обезбедуваат и хуманитарна поддршка за евакуираното население, како и распределба на покривки, облека и други основни потреби.
Граѓаните кои сакаат да помогнат можат да уплатат донации на сметката на Црвениот крст, наменета за помош на населението погодено од поплавите:
Сметка: 300000001327966
Банка: Комерцијална банка
Назначение на уплатата: Помош за населението погодено од поплавите во Кичево
Црвениот крст апелира до граѓаните за солидарност и информира дека сите донации ќе бидат искористени исклучиво за помош на погодените семејства. Волонтерите на терен постојано ја следат состојбата и обезбедуваат потребната техничка поддршка за распределбата на хуманитарната помош.
За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број на Црвениот крст на Македонија: +389 23 114 355 или преку електронска пошта: mrc@redcross.org.mk
