
Црвена звезда со пораз се враќа од Минхен
Црвена звезда е во лоша форма, црвено-белите од Белград запишаа уште еден пораз во Евролигата.
Српскиот тим особено беше очаен во втората четвртина кога постигна само осум поени. Баварците ги добија сите периоди и на крајот славеа со резултат од 74-66.
Смарт со 13 поени беше најефикасен кај Црвена звезда, во составот на Баерн, Букер постигна 22 поени.

