
Црвена звезда се врати од -18, го победи Партизан и ќе се бори за пехар!
Партизан и Црвена звезда одиграа уште едно вообичаено дерби со прекини поради недолично однесување на навивачите, на крајот црвено-белите се радуваа на триумф кој ги однесе во финале.
Тимот на Жељко Обрадовиќ во текот на третата четвртина имаше водство и од 18 поени разлика, 44-26, но како одминуваше мечот, таа висока предноста стануваше мала. Црвена звезда го сврте резултатот на самиот крај од третиот период. Во последните десет минути се влезе во водство на Звезда од 59-58.
Во последната четвртина Црвена звезда беше подобра екипа и не дозволи неизвесна завршница, на крајот славеа со 83-75.
Вилдоса со 15 поени беше најефикасен кај Црвена звезда, Петрушев и Недовиќ постигнаа по 14, Кампацо и Митровиќ по 12. Кај Партизан, Џејмс Нанели даде 19 поени.
Во финалето Црвена звезда ќе игра против Мега Баскет која со 86-67 беше подобра од ФМП.