Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани
Македонија

Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани

05/06/2025

AA

Добро е што сите институции и организации вклучени во менаџирањето на кризата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани застанаа зад иницијативата хуманитарната помош да се акумулира на едно место и да се распределува според реалните потреби, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, на панел-дискусијата „Кочани е нашиот приоритет“.

Саити информираше дека досега се исплатени вкупно 107,4 милиони денари кон три категории корисници: семејствата на починатите, повредените кои се лекуваа во странство и оние кои се лекуваа во земјата. На солидарната сметка на Црвениот крст остануваат уште 49 милиони денари.

– Средствата се исплаќани во шест наврати. Почнавме со 60 семејства на починати, а завршивме со 63. Исплативме 52 милиони денари за нив. За повредените кои се лекуваа во странство исплативме над 44 милиони денари, а за оние во земјата – 11,2 милиони, изјави Саити.

Тој нагласи дека преостанатите средства ќе се распределат по детална евалуација на здравствената состојба и потребите на повредените, додавајќи дека нема да има линеарна исплата, бидејќи секој пациент има различни медицински трошоци и прогноза за закрепнување.

– Исплатата ќе се прави селективно и правично. Не може сите да добијат иста сума, бидејќи тежината на повредите не е иста, рече Саити.

Црвениот крст останува координациски центар за сите донации и хуманитарна помош поврзани со трагедијата, а Саити ја изрази благодарноста до сите граѓани, компании и институции кои покажаа солидарност во најтешките моменти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy