
ЦРНОГОРЦИТЕ ЌЕ СТАНАТ СТРАНЦИ ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА: Кој ги купува становите во Црна Гора?
Становите во Црна Гора стануваат помалку достапни за локалното население.
Цените на недвижностите во Црна Гора растат, а меѓу купувачите има помалку Руси и Украинци, а повеќе Турци, Германци, Французи и Полјаци. Цените минатата година во просек се зголемија за повеќе од една петтина, а експертите стравуваат дека Црногорците наскоро ќе станат странци во сопствената земја бидејќи сè помалку од нив можат да си дозволат да си купат сопствен дом, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.
Како што објави Институтот за статистика на Црна Гора, во септември лани за нов стан во Црна Гора требало да се платат 1.647 евра. Тоа е за 300 евра повеќе од почетокот на 2023 година.
Од агенцијата за недвижности ТипТоп за порталот РТЦГ велат дека просечната цена на стан во Подгорица е 1.800 евра за метар квадратен. За најскапиот стан се потребни 2.400 евра за квадрат, а за најевтиниот 1.450 евра.
foto freepik.com

