
ЦРН ОБЛАК НАД СТРУМИЦА: Гореле гуми и делови од автомобили, противпожарната екипа на терен!
Денеска во Струмица имало запалени гуми и отпад од автомобили.
На терен излегле ТППЕ Струмица со 4 возила и 13 пожарникари.
„Денес, 23.02.2024 година во 14.40 часот, во близина на ул.Климент Охридски, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 13 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалени гуми и отпад од автомобили. Пожарот е навремено и успешно локализиран и ликвидиран“, велат од таму.
Тие додаваат и дека имало уште еден пожар на отворено, каде горела сува трева и грмушки.
„Во 13.00 часот, во атарот на село Петралинци, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева и грмушки. Пожарот е навремено и успешно локализиран и ликвидиран“, велат од таму.

