Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цивилното население во Појасот Газа и хуманитарните организации – чекаат привремен прекин на огнот
Македонија

Цивилното население во Појасот Газа и хуманитарните организации – чекаат привремен прекин на огнот

16/10/2023

AA

Цивилното население на Појасот Газа и хуманитарните организации во регионот чекаат привремен прекин на огнот во јужниот дел на Газа. Според некои новински агенции, се очекува да биде отворен граничниот премин Рафах со Египет, од каде ќе може да се достави хуманитарна помош.

„Египет подготви значителна помош за жителите на Газа. Точката Рафа ќе биде отворена. Заедно со ОН, Израел и другите учесници го подготвуваме механизмот со кој ќе се добива помошта“, најави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Се чини дека во тек се подготовки, барем во еден правец, за да проработи „Рафа“. Оваа бескрајна линија камиони е на египетската страна, натоварена со храна, вода и друга помош. Египет рече дека помошта не оди за оние на кои им е потребна, бидејќи Израел не соработува со нив. Но, дури и да влезат камионите, се чини дека нема надеж дека цивилите собрани пред портите ќе можат да избегаат од Газа.

„Дојдовме на контролниот пункт, надевајќи се дека барем тука ќе биде безбедно. Но, дури и ја гранатираа улицата Рафа. Не знам што да правам. Дојдовме иако знаеме дека нема да отворат, но тука не е безбедно Осум дена бевме без струја, без вода. Ова не е живот“, рече Хадел, жител на Газа.

Наспроти ова, израелските воени единици продолжуваат да се распоредуваат долж границата со Појасот Газа во очекување на голема копнена офанзива. Интензивните воздушни напади минатата недела уништија цели области на палестинската енклава, но не успеаја да го спречат Хамас да истрела ракети кон Израел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy