
Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи, на планините снег
Од ноќеска нашата земја ќе биде под влијание на влажна воздушна маса и циклонска активност, што ќе донесе промена на времето со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни.
Според дежурниот синоптичар Ленче Ризова, се очекуваат локални врнежи од над 30 литри на метар квадратен, а не се исклучени и ретки грмежи.
Во главниот град утрешното утро ќе започне со повремени врнежи од дожд.

