Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦИГАРИТЕ ПОВТОРНО НА УДАР, СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИ: Еве колку ќе собере државата од повисоките акцизи следните години
Економија

ЦИГАРИТЕ ПОВТОРНО НА УДАР, СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИ: Еве колку ќе собере државата од повисоките акцизи следните години

18/08/2023

AA

Од два до четири денари ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи следната година поради измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со него се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. 

– Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот. 

 Со предложените измени, мерните уреди за мерење на количина се различни од мерните уреди за мерење на волумен, се врши дополнување на одредбите за постапката на денатурирање на етил алкохол. 

Исто така се олеснува постапката за издавање на одобрение за повластен корисник на наведените субјекти имајки предвид дека овој услов се применува за издавање на одобрение за повластен корисник на деловни субјекти кои акцизните добра ги користат при производство. Исто така се уредува воведување растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, кој ќе подлежи на акциза, со цел ограничување на здравствените ризици поврзани со употребата на истиот, односно дефинирање на растителниот (билен) производ за пушење. 

Се дефинира новиот акцизен календар, се дефинира износот на акцизата на цигарите и другите тутунски производи, како и течноста за електронска цигара. Потоа се врши усогласување со Законот за прекршоци во делот за водење на прекршочна постапка и ревидирање на прекршоците согласно тежината на прекршокот.

– Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за акцизите е усогласување со европското законодавство од областа на акцизите, уредување на воведувањето на растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, се дефинира износот на акцизата на цигарите и другите тутунски производи, како и течноста за електронска цигара, се врши усогласување со Законот за прекршоци во делот за водење на прекршочна постапка и ревидирање на прекршоците согласно тежината на прекршокот, подобрување на текстот на Законот за акцизите, како и усогласување на текстот на законот со уставното име на државата – се посочува во Законот. 

Предлагачите на овие законски измени, предвиделе дека со спроведувањето на измените на Законот за акцизите ќе има позитивни прилив во Буџетот на Македонија во износ од 797 милиони денари во 2024 година, 883 милиони денари во 2025 година и 782 милиони денари во 2026 година. 

– Се предвидува измена на законот во делот на тутунските производи во насока на усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ кај цигарите, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. Дополнително, се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол – се појаснува во законот. 

Од материјалите објавени на веб странта на Собрание, може да се видат и деталите од измените. Па така на пример во измените е наведено дека: акцизата на цигари изнесува 3,253 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена по кутија. Акцизата на пури изнесува 21,37 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена. Акцизата на цигарилоси изнесува 10 денари по парче и 9 проценти од малопродажната цена. Акцизата на тутун за пушење како фино сецкан тутун изнесува 2.300 денари по килограм нето тежина, на тутун за пушење како друг тутун за пушење и тутунот за водено луле (тутун за наргиле) изнесува 2.300. Акцизата на тутун за шмркање и тутун за џвакање изнесува 2.300. Акцизата на несогорлив тутунски производ изнесува 4.000,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса. Акцизата на течност наменета за полнење на електронска цигара изнесува три денари за милилитар волумен. 

Деталите откриваат и дека предлагачот утврдил и казни за непочитување на законските одредби. Паричните казни почнуваат од 50 евра, но може да достигнат и до 4.000 евра, зависно од прекршокот и другите причини за изрекување на глоба. 

Она што особено ќе ги интересира граѓаните е стартот на примената. 

Имено, од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари секоја година. 

Исто така на 1 јануари 2024 година, износот на специфичната акциза на пури се зголемува за 4 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 2 денари по парче на 1 јануари секоја година. 

Акцизата за цигарилоси во 2024 година се зголемува за 2 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 1 денар по парче на 1 јануари секоја година. 

Специфичната акциза за тутун за пушење како фино сецкан тутун, тутун за пушење како друг тутун за пушење, тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за шмркање и тутун за џвакање се зголемува за 150 денари по килограм нето тежина на 1 јануари секоја година. 

Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година, износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса на 1 јануари секоја година. 

На крај, акцизата на течноста наменета за полнење на електронска цигара се зголемува за 0,20 денари, по милилитар волумен на 1 јануари секоја година. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

13/04/2026

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy