
Цигарите поскапуваат од 5 до 10 денари
За 5 до 10 денари поскапуваат цигарите.
Стапија на сила измените во Законот за акцизи донесен во октомври минатата година, кои предвидуваат цигарите и сите тутунски производи, пури, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе се зголемуваат од 2 до 5 денари секој први јануари до 2030тата година.
Владата овие измени ги правдаше со усогласување со европската регулатива, а на овој начин ќе се бори да го дестимулира пушењето како и дополнително да го полни буџетот.
Па по овој основ, според пресметките оваа година државната каса треба да биде потешка за околу 17 милиони евра.
