
Циципас се испоти за победа против Тим
Тим го доби првиот сет со 6-3 и му создаде големи проблеми на Циципас, кој се разбуди во вториот сет и со убедливи 6-1 се врати во игра.
Во третиот сет се водеше голема битка меѓу тенисерите, а мечот се решаваше дури во тај-брејкот, каде што Гркот имаше повеќе среќа и со 7-5 обезбеди пласман во следното коло на турнирот во Мадрид.