Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Циципас го победи Мареј во пет сета, за четири часа и 40 минути во два дена!
Спорт

Циципас го победи Мареј во пет сета, за четири часа и 40 минути во два дена!

07/07/2023

AA

Највозбудливиот меч на Вимблдон 2023, досега, дојде до својот крај, близу 24 часа откако почна. Петтиот носител, Стефанос Циципас успеа да го одбрани својот статус не само против двојниот шампион на Вимблдон (2013, 2016), Енди Мареј, туку и против 15.000 гледачи на „Централниот терен“ со 7-6(3), 6-7(2), 4-6, 7-6(3), 6-4.

За тоа му беа потребни пет сета, четири часа и 40 минути игра, распоредени во два дена. Мечот кој почна синоќа во 21 часот (20 по британско време) ги заинтригира тениските фанови уште тогаш, бидејќи 36-годишниот Мареј направи пресврт. Откако го загуби првиот сет со 7-3 во тајбрејк, возврати со иста мера во вториот, со 7-2, а потоа брејк уште во првиот гејм беше доволен за да го освои и третиот период од мечот (6-4).

Мораше да биде прекинат бидејќи дојде близу 23 часот по локално време, а теоретски тоа требаше да му биде од корист на Мареј, затоа што се соочуваше со грч на ногата. Одморен и охрабрен од поддршката денеска влезе во продолжението со намера да му се реваншира на Гркот за поразот во нивното единствено досегашно соочување на грен-слем, УС-опен 2021 (3-2 за Циципас), меѓутоа не успеа да надвладее.

Во четвртиот сет ниту еден тенисер не успеа да дојде ни до брејк-топка, камо ли реализација, а само два загубени сервиса на Британецот во тајбрејкот донесоа разврска. Петтиот беше решен во третиот гејм, кога Мареј сервираше лошо. Ова беше втора победа на Циципас во третото соочување со Мареј. Во третото коло од Вимблдон ќе игра против Србинот Ласло Ѓере.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРАТОТ НА ГАЗДА ДЕКО ПРОДАВАЛ БИЛЕТИ, НЕ БИЛ НАДЛЕЖЕН ДА

02/12/2025
Македонија

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не

02/12/2025
Македонија

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор

02/12/2025
Македонија

„Биди искрен Дејан и кажи“: Милка Едровска го прозва газдата

02/12/2025
Македонија

ПРАВЕЛА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ПАРКИНГ, А ПОЖАРОТ НЕ СЕ СЛУЧИЛ

02/12/2025
Македонија

Одбраната на Едровска тврди дека нејзиниот проект бил безвреден без

02/12/2025
Македонија

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на

02/12/2025
Македонија

„Не знаел дека ќе биде дискотека“: Газдата на објектот тврди

02/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРАТОТ НА ГАЗДА ДЕКО ПРОДАВАЛ БИЛЕТИ, НЕ БИЛ НАДЛЕЖЕН ДА ЛЕГИТИМИРА Неговиот адвокат вели дека

02/12/2025

Братот на газдата на дискотеката „Пулс“, Тодор Јованов, е петтообвинет во случајот „Кочани“. Тој продавал билети за во дискотеката „Пулс“.

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

02/12/2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени.

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал право

02/12/2025

„Точно е дека продавал карти, но тој немал никаква надлежност да врши проверка на влезот и излезот, а посебно не

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy