
Чурлинов се врати во Гелзенкирхен, платата е последната пречка за кам-бек во Шалке
Чурлинов лани летото замина во англиски Барнли, но не се изнаигра премногу, откако Штутгарт реши да го продаде, а Шалке немаше многу пари да го откупи, но после една година на Островот веќе од пред два месеци се најавува враќање на македонското крило во Германија.
Според еден од најпознатите германски новинари Флоријан Плетенберг од „Скај Германија“, Чурлинов синоќа имал вечера со Рајс, Кнабел и својот најголем пријател од сезоната кога беше дел од гигантот од Гелзенкирхен, Родриго Залазар. Македонскиот репрезентативец во минатата сезона беше дел од Шалке, на заем од Штутгарт и помогна во враќањето во германската елита на „рударите“.
? News #Churlinov: Yes, Schalke is working on his return! There was a dinner between Reis, Knäbel, Churlinov & Zalazar last night. Talks with Burnley ongoing and positive. Last details (salary issues) have to be clarified. The plan: One-year-loan with an obligation to buy for… pic.twitter.com/mUvZmR1ICo
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) May 1, 2023
Шалке веќе од поодамна е во преговори со Барнли за да го земе Чурлинов, а според последните информации последна пречка е да ја договори платата со Македонецот, кој би дошол на едногодишен заем со опција во летото 2024 година, германсклиот клуб да го откупи неговиот договор. Барнли е согласен да го отстапи Чурлинов, зашто македонскиот офанзивец не е во плановите за идната премиерлигашка сезона на овој клуб.
Чурлинов беше дел од Штутгарт до заминување на Островот, а кај „швабите“ дојде откако претходно го носеше дресот и на Келн.
