Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чупеска од СДСМ: Тошковски не остави буквално без зборови и не принуди да реагираме, дегутантна е леснотијата со која ја отфрли одговорноста од себе и МВР
Македонија

Чупеска од СДСМ: Тошковски не остави буквално без зборови и не принуди да реагираме, дегутантна е леснотијата со која ја отфрли одговорноста од себе и МВР

16/03/2025

AA

Потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес конференција порача дека се случила огромна трагедија во која животот го загубија речиси 60 лица, пред се млади луѓе.

„Болката од оваа трагедија е огромна. Изразуваме искрено и длабоко сочувство на семејствата и блиските и посакуваме брзо опоравување на повредените.

СДСМ е партија која секогаш го става јавниот интерес, но и чувствата на граѓаните на прво место. Денес, на овој трагичен ден, како одговорна партија оставивме институциите да ја вршат работата без да го политизираме случајот. Немавме намера да држиме прес конференции и да отвораме никави политички прашања и обвинувања. Луѓето тагуваат и тоа требаше да го направат сите одговорни политичари.

За жал, денешната последна прес конференција на министерот Панче Тошковски не остави буквално без зборови и не принуди да реагираме. Леснотијата со која министерот ја отфрли одговорноста од себе и МВР со кое раководи повеќе од една година за оваа трагедија е дегутантна. Прво, да го потсетиме Тошковски дека е министер веќе 13 месеци!

СДСМ веруваше дека министерот ќе има доблест да ја каже вистината, прецизно да ја лоцира одговорноста и да докаже дека нема намера да поштедува никој. Но тој, тоа не го направи. Наместо тоа, Тошковски реши да политизира и да обвинува некој друг кога тој лично е како што кажавме министер цела година а Владата ги има сите институции веќе девет месеци.

Затоа, бидејќи никој досега не ги постави клучните прашања, ќе ги поставиме ние.

Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете одговорност и оставка вие и сите во институциите во услови кога цела година дискотеката работела без лиценца? Чија, ако не ваша била одговорноста тоа да го провери тоа? Чија ако не ваша и на сите инспекторати кои ги водите била одговорноста да провери цела година дали има неправилности во работењето?

Понатаму одговорете, како тоа полицијата била таму, како што самиот го кажавте, и не ја затворила дискотеката која очигледно работела надвор од сите пропишани стандарди? Како дискотека која никогаш порано, па дури и со старите лиценци, не смееле да работи после 1 часот работела до 3 по полноќ?

Таму се организираат настани секој викенд, дали вие воопшто не мислите дека некој досега требал да провери?

Понатаму, Дирекцијата за заштита и спасување треба еднаш годишно да ги прави проверките за безбедносни стандарди на сите објекти? Дали било направено и како се дозволило да оваа дискотека работи?

Понатаму, како што се гледа од снимките, пожарот е настанат од пиротехнички материјали. Зошто молчите дека токму МВР ги издава и контролира овие компании и поединци кои управуваат со овие средства? Дали и кој е приведен и против кој ќе има постапка во МВР што во дискотека без активна дозвола се палеле пиротехнички материјали. Тука одговорноста е целосно во МВР, зошто молчите за ова?

Дали е точно, дека ова лето оваа дискотека била реновирана и пуштена во употреба? Кој дал согласност за тоа, вие бевте на власт и на централно и на локално ниво?! Кој дозволил да се реновира објект без дозвола и да се пушти во употреба? Дали тука и за што е тука одговорна општината за која велите дека нема никаква одговорност?

Министре Тошковски, за крај сакаме да ви порачаме едно. Во овие моменти имавте можност да докажете дека сте професионалец и пред се човек. Жалиме што со вашето однесување со целата пропаганда која се води на социјалните мрежи вие решивте да го политизирате овој случај. Нека ви служи на чест. 

СДСМ бара темелна и независна истрага за целиот случај. Апелираме до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и граѓаните да ја добијат вистината а одговорните да одговараат. 

Апелираме до сите, немојте да го политизирате случајот, тоа е ужасно пред се за оние кои тагуваат по најблиските“, вели Чупевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy