
Чулев: Имало и лица со оружје при упадот во М-НАВ
Екс министерот за внатрешни работи во Техничката влада во 2020 година Наќе Чулев, во 10МИНУТИ на ТВ21 го коментираше упадот во М-НАВ. Чулев кажа дека имал информации дека упадот бил извршен од вооружени лица, но и дека имало лица надвор од зградата на М-НАВ кои исто така било вооружени.
„Упадот и манифестираното физичко насилство, според моите информациите лицата имале и огнено и автоматско оружје, но има и лице надвор од зградата. Случајот е многу чист од кривично правна гледна точка од обезбедување на материјални докази, затоа што е објект од критична инфраструктура, и како таков тој има највисок степен на обезбедување. За жал македонскиот парламент, односно владеачките партии го немаат донесено Закното за критична инфраструктура. Според безбедностни стандарди е објект од критична инфраструктура, а тоа значи дека сите протоколи за безбедноста мора да бидат од максимален степен. Се работи за скандал од меѓународни размери. Станува збор за институција која го обезбедува македонското небо, кое е дел од НАТО, ЕУ и од Еуроконтрол. Затоа мора Обвинителството и судството да го расчистат овој случај, и не треба да се повтори случајот“, изјави Чулев