Чудо во Кале: Кошаркар на Црн Дрим му даде 110 поени на Работнички и тоа без – тројка (ВИДЕО)
Големиот талент на македонската кошарка средбата ја заврши со 110 постигнати поени, што е најмногу во историјата на овој спорт кај нас, секако гледано во сите возрасни категории. Чудото да биде поголемо, тој до оваа неверојатна бројка дојде без ниту една постигната тројка, што е вистинско чудо во модерната кошарка. Според записникот од натпреварот, Шабани реализирал 12 слободни фрлања, што значи останатите 98 поени ги реализирал со 49-кратно уфрлување на топката низ обрачот. Ова е неверојатен број успешни обиди, какви што ретко кој може да ги направи и на тренинг, а не пак на првенствена средба против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.
Ова не е прво вакво чудо за големиот талент на Црн Дрим, со оглед што лани во октомври постигна 88 поени во победата на неговиот тим против Феникс (прочитај ТУКА). Овој пат тој се надмина самиот себе и уште еднаш потврди дека е бисер од Охридското езеро каков што се појавива можеби еднаш во неколку децении.
Шабани веќе е добро познат на предводниците на македонската кошарка, со оглед што веќе беше дел од повеќе репрезентативни акции и кампови под капата на КФМ. Оттаму од него очекуваат да продолжи напорно да работи и да се развива и за неколку години да се најде и во сениорскиот национален тим, каде што би можел да ги „кине мрежичките“ како што го правеше тоа на мечот против Феникс.