
Чудо во Центар за новороденчиња: 14 медицински сестри истовремено бремени во САД
Редок и невообичаен настан се случил во Центарот за жени и новороденчиња при болницата HSHS St. Vincent во Грин Беј, Висконсин, САД, каде што дури 14 медицински сестри се бремени во исто време.
Веста ја објави самата болница, споделувајќи фотографии од насмеаните сестри кои гордо позираат, прегрнувајќи ги своите заоблени стомаци.
„Ова е исклучителен момент за нас, бидејќи многу од нашите медицински сестри ќе станат мајки за првпат,“ изјави директорката на центарот, Ејми Бардон, додавајќи дека овој случај донел многу емоции и возбуда меѓу персоналот.
Настанот предизвика бројни позитивни реакции и стана вирален на социјалните мрежи, каде што е наречен „колективно чудо“ на место каде раѓањето е секојдневие за овие посветени жени.