Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧУЧУЉ ЕДНОГЛАСНО ПРЕДЛОЖЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКА По скандалот со Димитровска, доаѓа човек со повќе од декада искуство
Македонија

ЧУЧУЉ ЕДНОГЛАСНО ПРЕДЛОЖЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКА По скандалот со Димитровска, доаѓа човек со повќе од декада искуство

21/11/2025

AA

Адем Чучуљ, дипломиран правник и долгогодишен вработен во Антикорупциска, ќе биде предложен за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако доби највисоки оценки од селекциската комисија.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно одлучи до Собранието да го предложи Чучуљ за прв човек на Антикорупциска. Според информациите од законодавниот дом, гласањето за оваа предлог-одлука ќе се најде на пленарна седница на почетокот на декември.

Чучуљ, кој е дипломиран правник со положен правосуден испит, во моментот ја извршува функцијата генерален секретар на ДКСК и таму работи цели 19 години. На селекцијата за претседател на Антикорупциска доби убедливи 96,5 бодови, највисока оценка меѓу сите пријавени.

Според Комисијата за селекција, тој покажал „значајно практично искуство во спречување корупција и судир на интереси“, како и јасна визија за развојот на институцијата.

Огласот за нов претседател беше распишан уште летово, но процесот беше прекинат за време на локалните избори. На конкурсот се пријавија 13 кандидати, од кои 10 беа селектирани во потесен круг, а интервјуата започнаа во вторникот.

Нов претседател ќе биде избран по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Обвинението наведува дека Димитровска му давала информации од предмет на обвинето лице во истиот случај и дека за неа друг го полагал електронскиот испит за сертификат за државна тајна.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера,

03/03/2026
Македонија

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Тошковски бара сите пријавени за семејно

03/03/2026
Македонија

Судот одреди притвор за сопругот на починатите жена и дете

03/03/2026
Македонија

Тошковски со итна телеграма до полициските станици: Нула толеранција за

03/03/2026
Македонија

НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое

03/03/2026
Македонија

Завршува голготата на булеварот ,,Борис Трајковски”: Објавена јавната набавка, машините

03/03/2026
Македонија

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за

03/03/2026
Македонија

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера, корените се во 50-тите со

03/03/2026

Пензионираниот полковник и поранешниот шеф на военото разузнавање, Горан Василевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, анализираше дека е тешко

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Тошковски бара сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во

03/03/2026

Сите полицајци во државата ќе добијат телеграма со јасни насоки како да постапуваат при сомнежи за семејно насилство, најави министерот

Судот одреди притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош

03/03/2026

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy