Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Членството во НАТО донесе безбедност и сигурност
Македонија

Членството во НАТО донесе безбедност и сигурност

24/01/2024

AA

Во Скопје продолжи дводневната годишна конференција посветена на европските можности, којашто ја организира Владата. Во агендата и безбедноста на државава по членството во НАТО.

„Во 2022 г.за жал, во февруари месец светот се разбуди со нешто кое што до последен момент верувавме дека нема да се случи, а то ае неоправданата руска инвазија врз Украина. Повреда на територијалнитот интегритет меѓутоа повреда и на демократското право на таа држава на сопствено определување. Република Северна Македонија од самиот почеток ги кажа своите позиции и политички меѓутоа и дававме поддршка и се уште даваме на секаков можен начин. Јас се сеќавам тоа беше првиот месец откако јас бев тогаш назначена како министерка за одбрана, сите прашања околу безбедноста на државата беа упатени кон министерството за одбрана и се бараа гаранции се разбира, со право и од медуимите и од граѓаните: Дали Република Северна Македонија е безбедна држава. Ова многу пати го кажувам и нема да се плашам да го кажам и сега и да го повторувам и во иднина е дека, ако тој ден, ако во таа година не бевме земја членка на Алијансата, никој министер за одбрана без разлика дали тоа бев јас или некој друг не можеше да даде одговор таков како што во тоа време давав јас а тоа е дека Република Северна Македонија е безбедна од аспект на конвенционални закани, затоа што е земја членка на Алијансата. Но како го достигнавме тоа, реков дека повеќе од 30г. сите зборувавме и зборуваа за важноста на нашето зачленување во НАТО, меѓутоа клучниот момент беше 2018г. и носењето на таа тешка, но многу значајна важна политичка одлука.

Таа додава дека „Ова само го кажува она што и за денес треба да зборуваме, а тоа е Република Северна Македонија како земја членка на Алијансата, меѓутоа и за нашата Европска иднина. Ниту една одлука, ниту еден процес не може да биде завршен ако не се донесат вистински одлуки во вистинско време. Оваа одлука за нашето зачленување во Алијансата, односно она што во 2018 година значеше потпишување на Преспанскиот договор а потоа и уставните измените кои следе, се покажа како вистинска, мудра одлука, во вистинско време, реков претходно тешка, но вистинска одлука, со којашто всушност се обезбеди иднината на нашата држава, и мислам дека со оглед на тоа каква беше атмосферата зборувам во февруари 2022 година и какви се прашања беа поставувани од јавноста, граѓаните полека но сигурно го сфаќаат значењето во воена смисла но и во политичка смисла што значи да се биде земја членка на НАТО алијансата. Но, што се случи до закленувањето на државата и што се случува сега всушност… Највидлив би рекла, најпозитивен, но и највидлив пример за брза, но и ефикасна трансформација е македонската армиј, и она што изминатиот период, не зборувам само за овие две години како што сум јас министерка, меѓутоа и далеку пред јас да бидам министерка, е направено и сите оние долгорочни планови се донесени и поставени, но и нивната успешна реализациј. Една задача е да имате добри планови, добра организација, меѓутоа имплементацијата на тие планови е исклучително значајна. Каде е улогата на Владата во таа имплементација, затоа што најголем дел од задачите, се разбира, ги спроведуваат припадниците на Армијата, е да обезбеди политичка поддршка за тој процес, меѓутоа уште позначајно, кога зборуваме за пристапувањето во Алијансата и за надградувањето на капацитетите на македонската Армија е финансиската поддршка. И тука таа финансиска поддршка, се гледа на многу лесен и многу едноставен начин, а тоа е буџетот на Министерството. Од 2017 година па навака буџетот на министерството токму заради политичката определба да станеме членка на Алијансата и да ги достигнеме стандардите кои се потребни, но и заради потребата од континуирано инвестирање во одбраната, буџетот на одбраната расте. Оваа година достигнуваме 2 проценти или 2,05 проценти, што е некаде над 300 милиони евра, но уште поважен дел е како ние тие пари ги трошиме. Над 30 проценти од овој буџет, што е огромна сума се планирани и тие ќе бидат потрошени во текот на оваа година, токму за модернизација, купување и набака на опрема која годините наназад не била набавена, не заради тоа што Армијата немала побарување туку заради тоа што едноставно политиката во тоа некое време сметала дека одбраната на државата и Армијата не се доволен приоритет“.

„И вториот момент кој мора да оди рака под рака или заедно паралелно, а тоа е зајакнување на човечките капацитети, Генералот може и постручно да каже за разлика од мене, меѓутоа како министер за одбрана тврдам дека неможе да се има успешна Армија ако вложувате само во опрема без притоа да обрнете внимание на човечкиот потенцијал и грижа за човечкиот потенцијал. Можеби не успеавме во овој период, особено тие две години затоа што зачленувањето на Република Северна Македонија се случи во време на Ковид да граѓаните па и општеството во целина, вклучително и економијата да ги видат сите придобивки од нашето зачленување во Алијансата. Но, веќе интензивно работиме на тоа придобивките од Алијансата освен во воена смисла да ги приближиме и во делот од образованието преку проектите кои се спроведуваат и во делот на економијата, соработката со компаниите во Република Северна Македонија на кои како министерство за одбрана и центарот за подрршка на компаниите кое е дел од Министерството во една блиска соработка се трудиме да им го приближиме пазарот на НАТО Алијансата многу побрзо и многу поблиску. Допрва, во периодот што следи , економските придобивки ќе се гледаат заради тоа што за било кој инвеститор без разлика дали станува збор за домашен или странски инвеститор пред да ја донесе одлуката или за основање или за проширување на бизнисот во една држава ги гледа параметрите на нејзината безбедност и стабилност. Нашето зачленување, конечно после 30 години зачленување во Алијансата , всушност ја дава најголемата сигурност , а тоа е сигурноста за безбедноста на државата“, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy