Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички
Економија

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

23/04/2024

AA

Не огласи се бараат куќни помошнички и тоа најчесто за работа во
Скопје. Како што е наведено во огласите, бараат жена која ќе се грижи за домот,
ќе готви и ќе ја одржува хигиената. За ваквите работни места обично бараат жени
кои веќе имаат искуство, кои се одговорни и флексибилни. Ги консултиравме
луѓето кои се во потрага по куќни помошнички и тие велат дека им требаат жени
за одржување на домот, затоа што или се презафатени со работни обврски или
имаат стар родител кој не е во состојба сам да готви, пегла, чисти.
Дополнително, се случува и жените кои имаат близнаци, да побараат куќна
помошничка која ќе им помогне околу обавувањето на домашните обврски.

Има огласи во кои се бара куќна помошничка за 3 дена работа во неделата или
за 6 дена. Платите варираат. Некои
од луѓето кои бараат куќни помошнички, нудат плаќање по работен час. 

„Немам најдено уште. Дали луѓето не се задоволни од надоместот, не знам.
Денеска живееме во време кога бркаме кариера, чуваме деца, не може сè да се постигне и реално имаме потреба од
такви жени. Имаме квантитет, но немаме квалитет. Не сакам да дискриминирам, но ромската
популација најчесто се јавува на вакви огласи. Немаме некоја конекција како што
јас морам да си ги почитувам обврските на работното место. Пазарна економија,
секој си бара повеќе. Сум имала ситуација, сум ја пријавила жената, а не се
појавува на работа со некои изговори. Имам пријател кој бараше помошничка да се
грижи за неговиот татко, но на крајот мораше тој самиот да се грижи за него“, вели
скопјанка.

Ако ги следиме демографските трендови, во земјава расте бројот на старото
население и нив им е потребна грижа во третото доба.

„Точно е дека иселувањето тоа го направи, оние кои останале немаат време,
ќе си бркаат кариера. Сè повеќе
и повеќе занаетите, такви некои порутински работи ќе дојдат на цена, затоа што
нема кој да ги работи. Младите си заминаа. Има доста стари кои се сами. Младите
ќе платат некој да се грижи за нивните стари родители, само да не си ја изгубат
работата, затоа што не се ни присутни тука“, рече социологот Татјана
Филиповска.

Според
податоците од пописот, од 2002 до 2021 година бројот на работоспособно
население се намалил за 171.317 жители, или 12,4 отсто, додека бројот на старо население над 65
години се зголемил за 17,2 отсто или за
101.619 лица. Најстаро население има во неколку скопски општини, како и во
Битола, Прилеп, Велес, Охрид. Aко ги погледнеме
податоците на Агенцијата за вработување, хигиеничарките веќе долго време се на
врвот, односно се најбарани или се меѓу најбараните професии во државата.

Сања Атанасовска

foto  freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy