Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ – „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани
Економија

ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ – „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани

14/05/2025

AA

Планот го
натфрлиле, ама потфрлиле во поглед на профитот во однос на првиот квартал од
ланската година. Вака некако може
да се толкуваат резултатите на компанијата специјализирана за хемиски материјали наменети за градежништво,
„Адинг“.

Нивниот биланс на успех говори дека ланскиот
прв квартал е потфрлен многу малку според приходите, но многу повеќе според
добивката, додека, пак, во своето образложение тие наведуваат дека според добивката и резултатите, имаат значајно натфрлање на финансиските резултати.

Да видиме прво што говори Билансот на успех
за првите три месеци од годинава.

Имено, од јануари заклучно со март
компанијата остварила оперативни приходи од 2,7 милиони евра, што е благо
намалување за 1 отсто во однос на истиот период лани.

Од нив на приходи од продажба отпаѓаат 2,69
милиони евра, и тие најмногу се должат на продажбите на домашните пазари, од
каде се наплатени 2,33 милиони евра, и тука има пораст од само еден отсто,
додека, пак, продажбата на странскиот пазар затаила и донела само 351 илјада
евра, што во однос на истиот период лани е намалување за 8 проценти.

За разлика од приходите кои се „тука некаде“,
расходите имаат поголем пораст, за 12 отсто, и изнесувале 2,2 милиони евра.

Најмногу се потрошило за суровини и други
материјали, и тоа над еден милиони евра, што е раст за 25 отсто, а за
вработените за кои се потрошиле 534 илјади евра, растот е 15 отсто. Намалување
има кај набавната вредност на трговските стоки, кои изнесуваат 254 илјади евра,
што е пад за 21 проценти.

Ова прави компанијата за првите три месеци од
годинава да прикаже одлична добивка од 680 илјади евра, што е сепак намалување
за 25 отсто во однос на истиот период од минатата година.

А од
„Адинг“ во своето образложение го признаваат намалувањето на добивката во однос на првиот квартал лани, но се говори и за натфрлање на планот кој бил направен за оваа година.

„На крајот
на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ
од 41.761 илјади денари, која е помала за 25 отсто во однос на ланската“, велат од компанијата.

Ова е делот од образложението кој се однесува за натфрлање на планот за првиот квартал од оваа година. 

„Добивката
пред оданочување во износ од 41.761 илјади денари (679 илјади денари –н.з.) е за 224,5 отсто поголема од планираната во
износ од 12.486 илјади денари. Во првиот квартал од 2025 година имаме натфрлање
во остварувањето на планот во износ од 23,8 отсто, односно по месеци, за јануари имаме остварување од 112,7 отсто, во февруари од 141,5 отсто и во март од 115,7 отсто во однос на поединечните
месечни планови“, се вели во
образложението од компанијата дадено на берзата.

Кредитната задолженост е зголемена за 1.886 илјади денари. Капиталните инвестиции, пак, биле во износ од 7.055 илјади денари.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy