
Чипсот и сладоледот поскапуваат затоа што се нездрава храна за луѓето, вели Битиќи
Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска во изјава за медиумите по прашања околу зголемување на цените, истакна дека некаде чипсот и сладоледот поскапуваат само затоа што се нездрава храна за граѓаните.
Според него, тоа не се прави и кај нас, но смета дека овие производи се луксузни додека пак другите се неопходни.
„Па на пример знаете дека дури во одредени земји за сладолед, чипс, мастики спаѓаат во категорија на нездрави производи затоа што имаат повисока шеќерна вредност и тоа не е здраво за населението. Дури имаат 3 пати повисоки даночни стапки, ние тоа не го правиме, но не сметам дека е основен прехранбен производ“, вели Битиќи.