Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?
Економија

Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?

14/11/2024

AA

Пазарната вредност на акциите кои фирмите на Чифлиганец и на Азманов ги поседуваат во НЛБ Банка надминува 6,2 милиони евра. Толкави се нивните вложувања во акции на НЛБ Банка за кои познавачите велат дека течат од оваа пролет до сега…

Градежната компанија „Адора Инжинеринг“ на Ванчо Чифлиганец и „Настел“ на Зоран Азманов станаа втор и трет најголем акционер во НЛБ Банка една од трите најголеми деловни банки во Македонија.

Во извесен актуелен временски период и двајцата градежни магови купувале акции со право на глас во НЛБ Банка.

Според актуелна состојба на акционери во НЛБ „Адора Инжинеринг“ сега поседува над 5.100 акции. Нивната актуелна пазарна цена е над 3,8 милиони евра. Оваа количина акции во вкупната структура акции учествува со 0,6 отсто.

Скопската компанија „Настел“ поседува над 3.100 акции со право на глас во НЛБ Банка. Нивната пазарна вредност согласно со последната берзанска цена изнесува 2,4 милиони евра. Количината акции што ја поседува „Настел“ во вкупната сума акции на НЛБ Банка учествува со 0,37 отсто.

Следен најголем акционер е скопска „Комерцијална банка“ која има нешто повеќе од 2.800 акции во НЛБ Банка.

Само да потсетиме дека убедливо најголем акционер во НЛБ Банка Скопје е словенечката „Нова Љубљанска банка“ со седиште во Љубљана, Словенија. Како доминантен сопственик таа поседува 742.804 акции со право на глас односно 87 отсто од сите акции со право на глас во таа банка. Пазарната вредност на акциите на словенечкиот акцонер во НЛБ Банка е над 555 милиони евра.

Според познавачите на состојбите и трендовите на македонскиот пазар на хартии од вредност двете скопски градежни компании го интензивирале купувањето акции во НЛБ Банка од пролетва наваму. Веројанто нивната проценка е дека вложувањето на ликвидни средства во акции на НЛБ Банка е добра и конкурентна инвестиција која ќе носи добри дивиденди, но може да носи и капитална добивка.

Повеќе детали за тоа како работи НЛБ Банка може да прочитате на овој линк https://faktor.mk/koja-e-dobitnata-kombinacija-shto-na-nlb-banka-i-donese-44-milioni-evra-profit-za-devet-meseci

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy