
Четврти ден се трага по Миле Тодоров, пасошот и личната карта му се дома!
28-годишниот Миле Тодоров од Неготино е исчезнат четврти ден, а пасошот и личната карта се пронајдени дома.
Последен пат бил виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, носејќи работничко одело и бело палто. До сега, бил пронајден само неговиот телефон.
Потрагата во околината на Неготино и Кавадарци продолжува безуспешно.
Според сведоштва, можно е да се наоѓа во напуштена викендица, куќа или манастир. Доколку некој има информации, треба да се јави на полицијата или на броевите 078-909-481 и 075-691-727.
