
Четворица Срби повредени, двајца во тешка состојба по тешка сообраќајна несреќа во Македонија
Четворица Срби се повредени денеска во сообраќајна несреќа кога автомобил „шевролет“ излетал од автопатот „Пријателство“ во Македонија, пишува српски Блиц.
Според локалните медиуми, несреќата се случила помеѓу Ѓевгелија и граничниот премин Богородица.
Во незгодата со повреди се здобил возачот К.С.Ј.(38), а со тешки телесни повреди се здобиле М.С.(61) и П.Ј.(36). Повреден е и возачот на „шевролетот“ З.С.(65). Како што е констатирано на лице место, сите повредени се од Србија.
Истрагата е во тек.
