
Четворица фудбалери на Реал уапсени поради секс-видео со малолетничка!
Станувало збор за еден фудбалер од Кастиља, младинската екипа на шампионот на Шпанија, како и тројца од Реал Мадрид Ц. Клубот ја потврди информацијата дека фудбалери од конкретно тие екипи биле приведени за да дадат изјава кај шпанската цивилна гарда.
Наводно, обвинетите снимале видео на кое еден од фудбалерите имал сексуални односи со 16-годишна девојка, а потоа го споделувале видеото со своите соиграчи. Чинот го пријавила мајката на девојката, уште на 6 септември.
Клубот само потврди дека играчите во прашање отишле на распит, но се огради од понатамошно коментирање. Ова е уште еден скандал кој го тресе шпанскиот фудбал, откако пред неколку дена оставка си даде претседателот на Фудбалската федерација, Рубиалес, затоа што непристојно ја бакна во устата една од репрезентативките на Шпанија, веднаш по финалето на Светското првенство во Австралија и во Нов Зеланд.