
Четирикратна среќа: Во Скопје се роди четворка – три момчиња и едно девојче
Да се стане родител е најубавото чувство на светот, а додека пак да знаеш дека ќе добиеш повеќе од едно бебе одеднаш е неверојатно.
Но, можете ли да замислите какво е чувството кога ќе ви кажат дека ќе добиете четири бебиња наеднаш?
Е па, ова им се случи на брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип, кои во текот на вчерашниот ден станаа родители на три момчиња и едно девојче.
Бебињата се родени на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.
Тазе мајката за својата докторка вели дека била позитивна и со нејзина поддршка успеале да стигнат до 31-та недела од бременоста.
Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба, а мајката за 4news.mk вели дека е пресреќна бидејќи има вистинско богатство.
Интересно е што оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.
Тимот на 4news.mk им ја посакува целата среќа на оваа планета.