
ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?
Германските работници можат да работат по 4 дена во неделата. Речиси 11 отсто од германските компании нудат четиридневна работна недела.
Oва е наведено во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, објавен денеска, а спроведен во вториот квартал. Само два отсто од компаниите во Германија планираат да воведат четиридневна работна недела, 19 отсто разговараат за нејзиното воведување, а 38 отсто од компаниите не се занимаваат со оваа тема, додека 30 отсто тврдат дека ваквото скратување на работната недела е невозможно за нив. Моделот на четиридневна работна недела е најприфатлив во малите компании кои имаат до 50 вработени. Во големите компании со над 500 вработени, овој процент е двојно помал и изнесува седум проценти. Повеќе европски земји спроведуваа експеримент со 4 дневна работна недела за да се видат ефектите.

