Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА: Предност или мана за работниците?
Економија

ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА: Предност или мана за работниците?

21/02/2024

AA

Дел од граѓаните
често менуваат работни места, поради различни причини, како ниска плата, лоши
услови за работа, лоша работна атмосфера.

За исти работни места аплицираат и кандидати кои често менувале фирми, па и професии, но од
друга страна има и работници кои долги години биле ангажирани во една фирма
и времето го посветиле да се усовршат во
една област.

„Од моето лично
искуство, ако има двајца кандидати и ако едниот често менувал работни места, а
со другиот тоа не е случај, предност му даваат на вториот, затоа што сепак им е
важна лојалноста. Ако некој кандидат не успеал ниту една година да издржи на одредено
работно место, тоа укажува дека или тој поединец уште се бара себеси, што сака
да работи или е темпераментен и не останува на едно место. Фактори има многу и
затоа сме тука ние психолозите да утврдиме од кои причини тој човек постојано
менувал работно место“, вели психологод Скопје 
кој селектира кадри за вработување.

Граѓаните кои ги
анкетиравме велат дека ретко менувале работни места. Повеќе им одговарало со
години да останат на истото работно место и да обавуваат работни обврски кои им
се добро познати, односно да бидат во компании каде веќе се навикнале на
работните задачи.

„Младите менуваат
работни места, а јас до пензија си бев на истото работно место“, рече Снежана
Станковиќ, граѓанка.

Луѓето велат дека
работникот треба да менува работно место ако му се понуди повисока плата.

„Јас работев во
една фирма, останав без работа и сега сум продавачка. Ако работникот работи во
фирма каде му даваат мала плата, а друга му нуди повеќе, може да смени“,
објаснува Анета Божиновска, граѓанка.

Честото менување
на работното место носи и стрес за работниците.

„Не е во ред што
младите често менуваат работни места, затоа што таман ќе се навикнат на едно
работно место, треба да се адаптираат на друго место. Но, ако се работи за
повисока плата, тогаш е оправдано менувањето на работата или ако фирмата отиде
во стечај, луѓето мораат да се снаоѓаат“, кажа Мирјана Ѓорѓевска, граѓанка.

Младите велат
дека ако не се задоволни од она што работодавецот им го нуди, ќе си бараат
подобра опција.

„Јас сега не
работам, а кога би работела сметам дека не е добро често да се менува работно
место, но ако не сум задоволна од платата, ќе барам друга работа“, рече
Христина Слободановска, граѓанка.

Во
светот се правени различни анализи на оваа тема. Просечното време што
работниците го поминуваат со ист работодавец се намали од 4,2 години во јануари
2018 година на 4,1 години во јануари 2020 година, според податоците на
американското Биро за статистика на трудот. Во тој контекст, четири години може
да ви изгледаат како цел живот ако се чувствувате недоволно платени, неценети
или неисполнети секој работен ден.

Се вели дека промената на работа по една
година не мора сама по себе да биде лоша. Меѓутоа, ако имате повеќе од
една работа со полно работно време, која не сте можеле да ја работите цели 12
месеци, тоа е лош знак за другите потенцијални работодавачи – без разлика зошто
сте заминале.

Како што пренесува Mashable, ако на работното место бидете пократко од осум месеци, тоа би можело негативно да влијае на вашето CV бидејќи во иднина работодавците би можеле да се посомневаат дека не сте го поминале шестмесечниот пробен период. 18 месеци е социјално прифатлив минимум за останување на едно работно место. Тоа значи дека сте повеќе од една година во компанијата и дека работодавецот се запознал со вашите квалитети, па врз основа на нив одлучил да ве задржи во компанијата. Ако низ четири години сте постигнале добри резултати или евентуално сте напредувале, во добра форма сте. Доколку сепак не сте нaпредувале, а проектите ви се на исто ниво, имате уште две години да се придвижите. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44980
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат иднина дома

12/08/2026

За 35 години од прогласувањето на независноста, Република Северна Македонија претрпе длабока демографска и социјална трансформација. Државата која ја започна

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето на скопската вода

12/08/2026

Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy