Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧЕСТИТКИ ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕТО НА АБЕЕ ВО КИЧЕВО: „Влада го продолжува тоа што го започнавме“
Економија

ЧЕСТИТКИ ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕТО НА АБЕЕ ВО КИЧЕВО: „Влада го продолжува тоа што го започнавме“

14/12/2024

AA

Поранешниот директор
на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, Јован Деспотовски во изјава за
Фактор упати шеститки за влегувањето на белгиската компанија во ТИРЗ Кичево,
нагласувајќи дека континуитетот во реализацијата на вакви стратешки
инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја.

-Им честитам на “Авеста Батерис енд Инжинеринг” (АБЕЕ)
за официјалниот почеток на градежните работи во ТИРЗ Кичево. Особено ме радува
што реализацијата на проектот се одвива според договорените рокови од Договорот
за инвестиција, кој го потпишавме во мај 2023 година. Оваа инвестиција, со
вкупна вредност од 40 милиони евра, претставува важен чекор за развој на
регионот, носејќи над 600 нови работни места за нашите сограѓани. Ваквите проекти
имаат директно влијание врз подобрување на животниот стандард на населението и
отвораат нови перспективи за локалната економија. Она што е особено позитивно е
дека новата Влада го продолжува тоа што го започнавме. Континуитетот во
реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата
земја. Ова покажува дека кога во работата ја ставате Македонија на прво место,
придобивките се за сите граѓани. Посакувам успешна и брза реализација на овој
проект, со надеж дека истиот ќе биде пример за многу други инвеститори кои веќе
ја препознааваат Македонија како стабилна и атрактивна бизнис дестинација, вели Деспотовски во изјавата.

Вчера, премиерот Христијан Мицкоски ја фрли лопатата на поставувањето на камен-темелникот од новата инвестиција.

„Avesta Battery and Energy Engineering“ е компанија која се занимава со развој, производство и инженеринг на батериски системи, особено за електрични возила и обновливи извори на енергија. Компанијата е позната по својата работа во производството на електрични батерии и нивните компоненти, како и во обезбедувањето на енергетски решенија за транспортот на иднината, посебно за автомобили на електричен погон.

Тие се дел од поширокиот тренд на глобално преминување на возила со нулта емисија, што ја охрабрува иновацијата во индустријата на батерии и енергија. Изборот на Македонија како локација за изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Кичево може да се толкува како дел од стратегијата на компанијата да се позиционира на растечкиот пазар на електрични возила во Европа и светот, како и да се искористат поволности во врска со локалните инвестиции и пристапот до Европската унија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy