Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика
Економија

Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика

11/03/2025

AA

Делегација предводена од министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага
одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото
Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии,
Јан Прашил. Разговорите беа фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот
енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за
финансирање на капитални проекти од страна на чешката влада.

Министерката Божиновска истакна дека
македонската влада е посветена на стратешко партнерство со Чешка и на
реализација на проекти што ќе ја забрзаат транзицијата кон одржлива енергетика.

“Во Чешка имаме стабилен партнер кој не
само што има интерес, туку и конкретна подготвеност да поддржи инвестиции во
македонскиот енергетски сектор. Разговаравме за директни вложувања, како и за
можности за поволно финансирање на големи инфраструктурни проекти со чешки
компании. Модернизацијата на капацитетите на АД ЕСМ е еден од приоритетите, а
токму во овој сегмент чешките компании имаат сериозен капацитет и експертиза.” – изјави министерката Божиновска.

Од чешка страна беше истакната
подготвеноста за долгорочна поддршка, не само преку инвестиции, туку и преку
финансиски инструменти што ќе обезбедат поволни услови за реализација на
проектите. Директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија
и трговија, Едуард Мурицки, потенцираше дека Чешка гледа конкретни можности за
стратешка соработка.

“Чешката влада е подготвена да поддржи
македонски енергетски проекти преку инвестиции и поволни финансиски механизми.
Особено сме заинтересирани за соработка во делот на модернизацијата на
енергетските капацитети и имплементацијата на нови технологии кои ќе придонесат
за стабилност и одржливост.” –
изјави Мурицки.

Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван
Стојановски, нагласи дека новиот инвестициски циклус во обновливи извори е
клучен за забрзување на зелената енергетска трансформација.

“За нас е исклучително важно да обезбедиме
соработка со искусни партнери како Чешка, кои можат да помогнат во
имплементацијата на одржливи технологии и да овозможат стабилни финансиски
услови за нашите инвестиции.” –
рече Стојановски.

Состанокот во Прага отвори конкретни
можности за продлабочување на енергетската соработка меѓу Македонија и Чешка,
со акцент на инвестициските механизми што ќе го поттикнат развојот на
енергетските капацитети и зелената транзиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy