
Челси со три гола за десет минути, а Астон Вила со минималец победија во ФА купот (ВИДЕО)
Лондонци се мачеа само во првото полувреме, во кое не успеаја да го најдат патот до противничката мрежа, но во продолжението тоа им успеваше ептен често. Броха прв го начна гостинот во 58. минута, Силва во 66. минута го удвои водството додека Стерлинг три минути подоцна стави крај на сите дилеми околу победникот. Последниот погодок беше дело на Фернадез пред крајот на средбата.
Едно од најпријатните изненадување во Премиер лигата сезонава, екипата на Астон Вила, тешко дојде до пласман во следната рунда и тоа со минимален триумф на гостување кај уште еден второлигаш, Мидлсборо (1-0). Мати Кеш во 87. минута го постигна решавачкиот гол на овој натпревар.
