
Челси се вклучува во трката за Санчо – ќе ги понуди Стерлинг и Чилвел
Според Скај Спортс, во комбинација се Рахим Стерлинг и Бен Чилвел како потенцијални играчи кои можат да бидат вклучени во зделката. Јунајтед може да бира еден од нив, плус пари, во зависност од исходот на преговорите.
Интерес за Санчо постои и од Јувентус кој веќе е подотвен да испрати авион за англискиот репрезентативец. Сепак, проблем е тоа што „бјанконерите“ сакаат да го донесат фудбалерот на позајмица со можност за откуп на неговиот договор идното лето за 40 милиони евра.
