
Челси преку Астон Вила во осминафиналето од ФА Купот (ВИДЕО)
„Сините“ ја совладаа Астон Вила во Бирмингем со 3-1 и обезбеди пласман во осминафиналето од ФА Купот. Ова беше преигрување на дуелот од 1/16-финалето бидејќи првиот меч на Стемфорд Бриџ заврши без голови.
Челси одигра беспрекорно прво полувреме во кое постигна два гола, преку Галагер и Џексон, а на стартот на вториот дел, со погодокот на Енцо Фернандез ги оттргна сите дилеми околу конечниот исход. Астон Вила дури во судиското продолжение успеа да постигне почесен гол преку Диаби.
Во осминафиналето, Челси ќе биде голем фаворит во дуелот со второлигашот Лидс и ќе има шанса да помине уште една фаза од ова натпреварување.
